> Неготино Инфо
Mesto_Za_Reklama
СОУ „Св. Кирил и Методиј“ домаќин на регионален натпревар по електротехника

Дата: 05.04.2016 • Автор: Администратор • Категорија: Образование •

Викендов во просториите на Средното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Неготино се одржа регионален натпревар од електротехничка, машинска и сообраќајна струка. На истиот како што информираат одговорните во училиштето, учество земаа ученици и ментори од средните училишта од Струмица. Радовиш, Кавадарци, Велес, Богданци, Гевгелија и градот домаќин Неготино. Учениците кои се натпреваруваа во пет категории покажаа солидни резултати, а најдобрите обезбедија пласман на државниот натпревар по електротехничка, машинска и сообраќајна струка. Учениците од неготинското средно училиште покажаа солидни резултати што резултираше со две освоени први места и тоа за Тимотеј Илиев и Ангел Недев кои се стекнаа со право да учествуваат на престојниот државен натпревар. Со менторите и учениците кратка средба имаше и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој ги поздрави, им посака пријатен престој во нашиот град и успех на сите учесници на натпреварот.