> Неготино Инфо
Mesto_Za_Reklama
Во ООУ„Гоце Делчев“ се одржа „Отворен нагледен час“

Дата: 20.04.2016 • Автор: Администратор • Категорија: Образование •

Под менторство на наставничката Велика Вељанова во просториите на ООУ„Гоце Делчев“ се одржа „Отворен нагледен час“ на тема „Геометрија и решавање проблеми-наставна единица-правиме колекции на 2Д и 3Д форми кутии и пакувања, настан кој го проследија и активно учество зедоа директорката Весна Јованова, педагогот Светлана Гелева, психологот Елена Кабранова и наставничките Роза Ристова, Сузана Малчева, Гордана Ноткова, Милица Дончевска и Ана Емшова. Учениците со помош на предметната наставничка успешно ги реализираа предвидените активности покажувајќи ги своите знаења преку работа во групи, со што поставените цели беа спроведени во целост. Меѓу другото, учениците покажаа дека ги разликуваат 2Д и 3Д формите и ги опишуваат, определуваат страни и темиња и ги претставуваат со цртежи и други изработки и можат да објаснат како се применуват истите.