> Неготино Инфо
Mesto_Za_Reklama
Учениците од основното училиште “Гоце Делчев” со награда од натпреварот за франкофонски театар во Битола

Дата: 27.04.2016 • Автор: Администратор • Категорија: Образование •

Учениците од Vв одделение, француска паралелка, од основното училиште “Гоце Делчев” под менторство на наставникот по француски јазик Андријана Донова и одделенскиот наставник Андријана Арсова во саботата на 23 април учествуваа на натпреварот за франкофонски театар организиран по повод одбележувањето на Деновите на франкофонијата во Македонија. На сцената на Народниот театар во Битола тие пред битолската публика на француски јазик ја одиграа театарската претстава "Ecole des magiciens" (Училиште за волшебници) и ја освоија наградата за најдобра костимографија при што се стекнаа со сертификат од ова престижно натпреварување кое е организирано од Францускиот Институт во Македонија. Инаку, во рамките на оваа треатарска манифестација учество зедоа ученици од 11 училишта од повеќе градови во Македонија.

Исто така, во рамките на манифестацијата настапија и учениците од прво до четврто одделение од паралелките кои се вклучени во Проектот за рано изучување на францускиот јазик кој се спроведува во ова основно училиште. Малите франкофони од Неготино пред многубројната публика се претставија со изведба на песнички на француски јазик.