> Неготино Инфо
Mesto_Za_Reklama
Од идната година примена на софтвер за откуп на земјоделски производи

Дата: 19.07.2016 • Автор: Администратор • Категорија: Земјоделие •

Од идната година треба да почне примена на софтверот за откуп на земјоделски производи, решението е готово и дадено им е на увид на сите инволвирани страни за сугестии и предлози. – Софтверското решение е готово. Ќе го добијат преработувачите, земјоделците и воопшто сите вклучени во процесот. Во наредниот период ќе чекам нивни сугестии. Со софтверското решение предвидено е да имаме целокупна евиденција на сите преработувачи кои се запишани во единствениот регистар на земјоделски производства и на сите земјоделци кои се запишани. Во секој момент ќе имаме информација колку е продадено, по која цена, колку е платено и дали е платено, објасни министерот Цветков.
Рече дека картонските белешки ќе станат минато со примената на електронската евиденција, со која предвидена е и банкарска гаранција во преработувачката индустрија.   – Ние претходно направивме измени во законот за исплата на земјоделците во рок од 90 дена. И со ова софтверско решение предвидуваме исто како со тутунот и преработувачката индустрија да има банкарска гаранција. Ако не им исплати на земјодеолците во рок од три месеци, да може да се активира гаранцијата, појасни Цветков.