> Неготино Инфо
Mesto_Za_Reklama
Наскоро ќе пазариме со новите банкноти од 200 и 2000 денари

Дата: 07.09.2016 • Автор: Администратор • Категорија: Македонија •

Македонските граѓани ќе можат да пазаруваат со новите банкноти од 200 и од 2.000 денари на
крајот од годинава или на почетокот на наредната. Парите ги печати англиската печатарска
компанија “Де Ла Руе”, а планирано е да се произведат по 10 милиони банкноти од секој апоен.
Носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од
200 денари е релјефот со претставa на старозаветниот 41-ви Давидов псалм којшто им припаѓа на
препознатливите винички теракотни икони, едни од најзначајните раносредновековни археолошки
откритија на територијата на Македонија. На истата страна, во централното лево поле е прикажана
раносредновековна прстеста бронзена фибула од почетокот на VII век, а е пронајдена во околината
на Прилеп.