> Неготино Инфо
Mesto_Za_Reklama
Едноставен трик за највкусни пржени лепчиња

Дата: 18.11.2016 • Автор: Администратор • Категорија: Забава •

Појадок, без кој многумина не можат да си го замислат неделното утро. Пржените лепчиња, деликатес од кујната на вашата баба, со само еден трик можат да бидат уште повкусни. За вкусни пржени лепчиња потребни се само неколку јајца, сув леб и сол. Но, тајната на многу познати готвачи, кога станува збор за прженици, може да се примени и во овој домашен специјалитет. Состојката која ќе ја додадете во јајцата, покрај малку сол е ким. Освен што ќе уживате во вкусот, кимот има и одлично дејство на здравјето, а помеѓу останатото го забрзува и метаболизмот.