> Неготино Инфо
Mesto_Za_Reklama
Galaxy Note 8 ќе пристигне во Август наредната година

Дата: 05.12.2016 • Автор: Администратор • Категорија: Забава •

И покрај фијаското со 7-ката, Samsung најверојатно ќе го врати моделот Note на пазарот. Осмицата ќе донесе многу промени и подобрувања, што е очекувано, бидејќи треба да пополни голема дупка во гамата на смартфони на производителот.

Како и многу други модели од високата класа, Galaxy Note 8 најверојатно ќе има Qualcomm Snapdragon 835 процесор, кој ќе донесе големи подобрувања во перформансите, а особено во поглед на намалената потрошувачка на енергија. Очекувано е процесорот да биде помогнат и од 6 GB рам меморија, всушност ова е и скоро сигурно.

Моделот секако ќе има и Edge дисплеј, а најавени се многу подобри аудио перформанси. Имено, со купувањето на аудио специјалистите Harman, Samsung може да го употреби нивното знаење, веројатно со брендот JBL, токму во нивните премиум модели. JBL звучници би можел да добие и Galaxy S8, кој ќе биде претставен на почетокот на наредната година.

Покрај хардверските подобрувања, Note 8 ќе доаѓа со вграден Bixby, новиот виртуелен асистент на Samsung. Bixby е интересно развиен од истите луѓе кои го направија Siri пред да биде купен од Apple и затоа може многу да очекуваме од асистентот на Samsung. Овој асистент би бил многу помоќен од Siri, Cortana и Google Now, бидејќи ќе може многу подобро да распознава говор и ќе може да се користи дури и за да закаже маса во ресторан за корисникот.

Како и да е, има уште доволно време до лансирањето на Note 8, па многу од најавените информации можат да бидат променети. Исто така, сигурен сум дека работите ќе бидат подобро разјаснети по лансирањето на Galaxy S8 во Февруари, кој ќе ја покаже насоката кон која ќе се движи Samsung во наредниве неколку години со неколку нови иновации.