> Неготино Инфо
Mesto_Za_Reklama
Се уредуваат нови 400 метри од патот Г.Дисан-Вешје

Дата: 17.03.2017 • Автор: Администратор • Категорија: Актуелно •

По спроведената прва фаза од проектот за целосна реконструкција и асфалтирање на патниот правец од Горни Дисан до Вешје при што беа асфалтирани првите 800 метри, на терен продолжуваат активностите од втората фаза со која ќе се реконструираат и уредат нови 400 метри од овој патен правец кој е од витално значење за жителите на Дисанијата и сите граѓани од општина Неготино кои во тој регион имаат земјоделски површини. Втората фаза, според градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов се реализира со средства во висина од околу 130.000 евра кои локалната самоуправа ги обезбеди преку проект за преку гранична соработка со општина Алмопија „Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во преку гранична област“. Досега се изведени земјените и останатите подготвителни работи кои се предуслов за активностите кои следуваат, а се однесуваат на тампонирање и асфалтирање на новите 400 метри од патот Горни Дисан-Вешје.