> Неготино Инфо
Mesto_Za_Reklama
Каратисти на КК„Антигона два“ полагаа за ученички појаси

Дата: 01.06.2017 • Автор: Администратор • Категорија: Актуелно •

Карате клубот „Антигона два“ е формиран во 1994 година, член е на традиционалната карате Федерација на Македонија и има над 25 членови над 7 годишна возраст кои тренираат два пати неделно под стручен надзор на тренерите Ристо Сакалиев-црн појас трети дан и Ѓоко Костов-црн појас први дан. По совладувањето на дел од програмата се изучуваат ученичките кати и во одреден временски период се врши полагање за одреден појас и тоа: бел, жолт, зелен, портокалов, плав, кафен и црн појас. Токму деновиве се одржа едно такво полагање на кое учество зедоа неколку членови на овој неготински карате клуб кои успешно го поминаа тестот и се здобија со појаси од повисок ранг. Па така, Алек Ѓорѓиев со здоби со зелен појас, додека жолт појас добија младите каратисти Драги Јованов, Јован Толов и Никола Илиќ.