> Неготино Инфо
Mesto_Za_Reklama
Новите тениски терени „магнет“ за спортистите и рекреативците

Дата: 29.06.2017 • Автор: Администратор • Категорија: Актуелно •

Новиот, модерен и најсовремено опремен двоен тениски терен на тврда подлога лоциран во населбата „Саат-кула“ веќе извесен период претставува „магнет“ за љубителите на тенисот, како и за сите заинтересирани спортисти и рекреативци кои секојдневно се присутни на терените и овде поминуваат дел од своето слободно време. Па така, на просторот кој до скоро беше запуштен и оставен на „забот на времето“ сега функционираат тениските терени, мултинаменското игралиште и детскиот забавен парк со многубројни реквизити, а околината е хортикултурно уредена и претставува пријатно катче за одмор и рекреација на повеќе генерации граѓани на општина Неготино. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов истакнува дека е остварена првобитната  цел овој предходно запоставен простор да биде комплетно уреден, да добие нов лик и да биде привлечен за посета и престој на неготинци, независно во кој дел од градот живеат. Двојниот тениски терен чија изградба чинеше над 9.000.000 денари, мултифункционалното игралиште кое чинеше над 7.000.000 денари  и детскиот забавен парк секојдневно се исполнети со спортисти, рекреативци, млади сограѓани и нивни роднини и слободно може да се каже дека изградбата на овие објекти е полн погодок. Останува да се надеваме дека посетителите ќе бидат внимателни и нема да доаѓа до оштетувања на реквизитите, се единствена цел овој спортско рекреативен центар што подолго да биде ви функција и на располагање на сите граѓани на општина Неготино.