> Неготино Инфо
Mesto_Za_Reklama
Во Индустриската зона Неготино се одвиваат земјени работи

Дата: 10.07.2017 • Автор: Администратор • Категорија: Актуелно •

Градежната механизација која е на терен веќе извесен период изведува земјени работи во Индустриската зона Неготино која се протега на вкупна површина од 25 хектари. Според зборовите на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов се работи на 2 од вкупно 17 парцели и се подготвува теренот за изградба на стопанско индустриски капацитети. Динамиката на работите се одвива според однапред утврден план со рокови утврдени од страна на инвеститорот и сопственик на парцелите во ИЗ Неготино.