> Неготино Инфо
Mesto_Za_Reklama
Тоше Зафиров – 20 години успешна спортска приказна

Дата: 11.07.2017 • Автор: Администратор • Категорија: Спорт •

„Младите да се насочуваат кон спортот и спортските активности и да се обидат да го следат патот на успехот на најуспешниот Македонски бодибилдер-неготинецот Зафиров“-беше заедничката порака што градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и бодибиледорот Тоше Зафиров ја упатија од денешната средба на која градоначалникот Апостолов на Зафиров му врачи плакета за 20 години придонес во областа на спортот и афирмација на општина Неготино и Република Македонија. Зафиров истакна дека е горд што градоначалникот Апостолов ги вреднува и цени неговите спортски успеси и упати јавна благодарност до него за поддршката што ја добива, бидејќи на сите спортски настани на кој учествува го претставува својот роден град Неготино каде што впрочем и ги има направено првите спортски чекори. Градоначалникот Апостолов потенцираше дека тој и општината создавале и ќе создаваат услови за спорт и рекреација преку изградба на спортски сали, тениски терени, мултинаменки игралишта и континуирана финансиска поддршка за спортистите и спортските клубови од неготинска општина, со единствена цел младите да се насочат кон спортот и спортските активности со надеж дека и во иднина, како и досега, од Неготино ќе излегуваат спортисти кои ќе придонесуваат за афирмација на својот град.