> Неготино Инфо
Mesto_Za_Reklama
Во Неготино отворен штанд за продажба на локални производи

Дата: 12.07.2017 • Автор: Администратор • Категорија: Актуелно •

Штандот кој ќе функционира во текот на летните месеци и кој е лоциран на влезот од Неготино пред ресторанот „Антигона“ има за цел да придонесе за видливост и зголемена продажба на локалните производи од општините од регионот пред домашните и странските туристи кои патуваат по автопатот Е-75. Отворањето и промоција на штандот е во организација на локалната акциона група „Тиквешка винска долина“ – Здружение кое е составено од претставници на приватниот, јавниот и невладиниот сектор од општините Неготино, Кавадарци, Росоман и Д.Капија и кое 2 години работи на поддржување на регионалниот развој на Тиквешкиот микро регион. Проектот е спроведен од страна на Асоцијацијата за иновации во руралната економија финансирана од страна на Амбасадата на Швајцарија во Македонија, а на штандот сите заинтерсирани по прифатливи цени можат да купат производи карактеристични за овој регион.