> Неготино Инфо
Mesto_Za_Reklama
Ставена во функција новата фонтана во Неготино

Дата: 25.07.2017 • Автор: Администратор • Категорија: Актуелно •

Деновиве во функција е ставена новоизградената фонтана лоцирана во централното подрачје на градот, односно на градскиот плоштад, која уште при самата изградба и со самото започнување со функционирање ги свртуваше и ги мами  погледите на граѓаните-минувачи и речиси да нема жител кој поминува покрај фонтатаната, а да не застане и ја разгледа истата. Рабирливо, најрадосни се нашите најмлади сограѓани кои заедно со своите родители, роднини и пријатели со љубопитност го следат работењето на фонтаната заедно си сите нејзини придружни елементи, меѓу кои секако доминираат светлосните уреди и млазевите вода. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов истакнува дека новата фонтана е атракција и обележје на градот, додавајќи дека потрошувачката на вода за нејзино работење е минимална и изнесува 5м3 во текот на еден месец. Паралелно со ставањето во функција на фонтаната, општина Неготино продолжува со реализирање на проекти за подобрување на водоснабдувањето, што впрочем градоначалникот Апостолов во континуитет го работи во изминатите 4 години, со напомена  дека активностите ќе продолжат и во наредниот период. Деновиве Неготиноинфо ќе објави интервју со градоначалникот Апостолов во кое тој ќе даде детални објаснувања за активностите на овој план за сите граѓани на општина Неготино.