> Неготино Инфо
Mesto_Za_Reklama
Митрополитот Повардарски г.Агатангел по повод Преображение Христово во манастирот Св.Ѓорѓи

Дата: 16.08.2017 • Автор: Администратор • Категорија: Актуелно •

Од Македонската православна црква Свети Атанасиј од Неготино ги информираат сите благочестиви христијани од општина Неготино дека по повод големиот празник Преображение Христово во сабота на 19-ти август во манастирот Свети Ѓорѓи ќе се отслужи Архиерејска Божествена литургија со која ќе чиноначалствува митополитот Повардарски господин Агатангел заедно со повеќе свештенослужители. По чинот на завршувањето на литургијата, ќе се пристапи кон благословување на грозјето. Митрополитот Агатангел се оќекува во манастирот во Неготино да пристигне во 08,00 часот.