> Неготино Инфо
Mesto_Za_Reklama
Од понеделник до среда во Неготино ноќен турнир во кошарка

Дата: 25.08.2017 • Автор: Администратор • Категорија: Актуелно •

Општина Неготино оваа година по 10-ти јубилеен пат на градскиот плоштад ќе го организира традиционалниот турнир во улична кошарка “Street Ball 2017”. Натпреварите на турнирот ќе бидат одиграни во три дена - 28, 29 и 30 август (понеделник, вторник и среда), а ќе започнат на 28 август (понеделник) во 18 часот на градскиот плоштад во Неготино. Екипите кои ќе земат учество на турнирот ќе се натпреваруваат во три конкуренции, и тоа: машка - сениорска конкуренција (над 18 години) машка - јуниорска конкуренција (под 18 години) и женска конкуренција. Системот на натпреварување ќе биде одреден во зависност од бројот на пријавените екипи на турнирот. Истиот за отворен ќе го прогласи покровителот на оваа традиционална спортска манифестација - Градоначалникот на општина Неготино, г-нот Ванчо Апостолов

Пријавувањето на екипите се врши на телефонските броеви 075/553-800 и 072/320-842, најоцна до 28 август (до 17 часот). Вкупниот награден фонд на турнирот изнесува 35.000 денари.