> Неготино Инфо
Mesto_Za_Reklama
Екипата на „Зарков” победник на Street Ball 2017

Дата: 31.08.2017 • Автор: Администратор • Категорија: Актуелно •

Синоќа на градскиот плоштад во Неготино заврши 10-тото издание на традиционалниот турнир во улична кошарка “Street Ball”. За учество на турнирот кој се одржа од 28 до 30 август, беа пријавени екипи од Неготино и регионот. Истите разигрува во три конкуренци и тоа сениори (над 18 години), јуниори (од 14 до 18 години) и женска конкуренција

Во сениорска конкуренција беа пријавени екипи од Неготино, Кавадаци и Росоман, а во мошне силната конкуреција и по неколкуте одлични и квалететни натпревари победник на овогодинешното издание на турнирот стана екипата на “Зарков” од Kавадарци, која во финалето ја совлада екипата на “Пицерија Ема” од Неготино, која мораше да се задоволи со второто место на турнирот, додека третото место и припадна на екипата на “Чикаго” од Неготино која славеше во малото финале.

Во јуниорска конкуренција победник на турнирот е екипата на “Газела”, која во финалето ја совлада екипата на “Дејзи” од Кавадарци, а третото место го освои кавадаречката екипа “МБМ”. Во женска конкуренција победи екипата на “МБМ” од Кавадарци, второто место го освои екипата на “Јанг Старс”, додека третото место и припадна на екипата на “Тим Спорт” од Неготино.

Вкупниот награден фонд на турнирот изнесуваше 35.000 денари, а најдобрата екипа во сениорска конкуренција ја освои главната награда од 15.000 денари. Наградите на најдобрите екипи им ги додели покровителот на манифестацијата - градоначалникот Ванчо Апостолов. Организатор на “Streetball 2017” беше Општина Неготино.