> Неготино Инфо
Mesto_Za_Reklama
Ансамблот „Танец“ со настап на градскиот плоштад во Неготино

Дата: 11.09.2017 • Автор: Администратор • Категорија: Актуелно •

Во вторник на 12-ти септември љубителите на фолклорот и убавата македонска народна песна на градскиот плоштад во Неготино ќе имаат несекојдневна можност во живо да го проследат настапот на Националниот фолклорен ансамбл за народни песни и игри „Танец“ од Скопје. Почетокот на концертот е закажан за во 20,00 часот, а ова е второ гостување на „Танец“ во Неготино откако првиот пат со својот извонреден настап ја одушевија присутната публика. Инаку, ансамблот „Танец“ претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура повеќе од 60 години и културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска фолклорна традиција во земјава и светот. Токму затоа, концертот на „Танец“ во Неготино претставува убава можност сите љубители на културата и македонската традиција да го посетат овој настан и да ја проследат професионалната изведба на неговите членови.